Омраза од најгнасен тип се шири од Париз низ интернет просторот над Македонија. Марија Пијаманов Плевнеш и нејзиниот сопруг Коко решиле сите фрустрации да ги истурат ни повеќе ни помалку врз поранешната водителка, инфуесерката Миа Костова. А бидејќи Миа е Миа, одмаздата е слатка и изгледа вака:

Миа уште вчера вечерта најави дека се спрема торнадо од објави против Марија, откако таа ја спомнала во негативен контекст на социјалните мрежи, па тоа особено ја погодило Миа.

„Се најдов повикана заради заканата која ја добивам на лајвот. Немам никаков проблем со Марија Пијанманов Плевнеш, кај мене на стори и на профил никогаш не била спомната во негативна конотација.

Сметам дека е некултурно да се расправам со луѓе кои не ми се на ниво затоа што се Ројал. Ако вака изгледа ројал, тогаш што останува за нас обичните смртници.

 

Нема да се осврнувам на лажниот живот кој го презентира госпоѓата Марија, не сакам да ја вреѓам на лична основа, а го можам тоа затоа што и те како ги разбирам работите, и те како го разбирам нејзиниот Париз, нејзиниот стил и сите парчиња што ги промовира на социјалните мрежи, а се купени од бувљак.

Во ниту еден момент немав намера да напаѓам или да направам драма но она што ќе го видите во продолжение, мене лично ме допре, морам да признаам, ме изиритира крајно, и секако ќе остане тука како еден доказ во случај господинот Плевнеш нема земено терапија на време па ми се случи нешто во иднина“, вели Костова.

Таа додава дека ваква закана по живот не треба да остане туку така, и треба да се сноси некаква одговорност.

„Не сакам кога некој ме става во уста, а не сум испровоцирала такво нешто. Лопата за гроб нема да купам тоа е сигурно, а дали ќе собереме донации за да некој од вас приправи заби или евентуално конечно купи оригинална ташна тоа оставам на публиката да реши“, додава Миа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.