Бритни Спирс му плаќа луксузен стан во Лос Анџелес на својот сопруг Сем Асгари, дури и по објавата дека се разведуваат. Месечниот наем за ваков стан е 10.000 долари. Наводно, тоа го предложила самата пејачка.

Според брачниот договор, Асгари може да бара милион долари за секои две години брак. Бритни и Сем се во брак само 14 месеци. Имотот на американската поп-ѕвезда се проценува на вкупно околу 60 милиони долари, а Асгари не може да бара дел. Тој, исто така, нема права на нејзините песни и нивниот дом во Таузенд Оукс вреден 11,8 милиони долари, пишува „Ти-ем-зи“.

Претходно во западните медиуми се појавија податоци дека Асгари барал ревизија на брачниот договор, заканувајќи се во спротивно дека ќе објави инкриминирачки докази за Спирс. Неговиот претставник Брендон Коен ги одрече тие наводи.

За разводот на Бритни Спирс и Сем Асгари се објави на 17 август. Се наведува дека причината е изневерувањето на Спирс со една од куќните помошнички во нивниот дом во Калифорнија. Наводно, Асгари имал и видео што го потврдува тоа. Покрај тоа, пејачката, која според познаници, е во „кревка хиперсексуална состојба“, побарала вработената да ја слика гола.

Според некои извои, Асгари страда од депресија.

Асгари и Бритни Спирс се во врска од 2016 година, а се венчаа минатиот јуни. Пред свадбата склучиле предбрачен договор.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.