Дара Бубамара гради куќа на Фрушка Гора! Фолк ѕвездата реши да инвестира 500.000 евра во недвижен имот. Пејачката купила парцела од 50 ари каде ќе гради вила со базен, но таму нема да живее, туку ќе ја издава.

Куќата ќе има 400 квадрати, на приземјето ќе има две големи соби за прослави, а на катот осум спални соби и четири бањи. Секоја соба ќе има пристап до голема тераса, со поглед на Фрушка Гора. Во дворот ќе имаат гаража, како и куќа за слуги кои таму ќе можат да преноќат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.