Фолк ѕвездата Светлана Цеца Ражнатовиќ изјави дека не го смета готвењето како способност и вештина што ги дефинира нејзините квалитети. Цеца вели дека не верува дека патот до машкото срце води преку стомакот.
Пејачката вели дека во денешно време секој може да стапи во брак, но дека вистинскиот успех е тој бракот да се одржи. Како што вели Цеца, такво нешто не се постигнува со часови минати во кујната.
Сакам да мирисам на добар парфем, а не на запршка. Женските квалитети не ги дефинира само фактот дали таа знае добро да витка сарма и да зготви грав. Денес секој може да се омажи, но важно е да се негува и да се одржува тој брак, а тоа сигурно не се прави со поховано месо и мрсна супа – вели Цеца за Информер.рс.
Пејачката вели дека многу добро знае да готви и дека мајка и ја научила на се, но признава дека готвењето не е дејност во која ужива.
Мајка ми инсистираше јас и Лидија на време да научиме сè за готвењето, но сега би излажала ако кажам дека го правам тоа. Не уживам и не ме интересира. Ајде да се разбереме, јас секак мора да го правам тоа, ништо од ова не ми е туѓо, но едноставно, имам избор – вели Цеца.
Таа открива како изгледа животот во вилата Ражнатовиќ на Дедиње.
Јас и Лидија, како и нашите деца, сме многу блиски. Ние сме големо и компактно семејство кое живее заедно и така функционираме со години. Моите деца работат на ист начин. Овде се е спонтано и опуштено – вели Цеца.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.