Речиси три години од сообраќајната несреќа во која недалеку од Билефелд загинаа Шабан Шаулиќ и Мирсад Кериќ, а Слободан Стојадиновиќ се здоби со тешки телесни повреди, целиот случај ќе добие судски епилог. Рочиштето на кое Турчинот Алсин Левент првпат ќе биде изведен пред лицето на правдата е закажано за 20 јануари, на Свети Јован, инаку крштевка на неговата сопруга Гордана.

Целото семејство Шаулиќ ќе оди во Германија за да присуствува на судењето, кое веќе предизвикува голем интерес во јавноста, до тој степен што до судот пристигнале рекорден број барања за акредитација на претставници на германски и медиуми од околните земји.

Ова ќе биде првпат семејството да се сретне лице в лице со човекот кој го уби Шабан.

Веруваме во судот во Германија и се надеваме на максимална казна, но колку и да е осуден, ништо не може да ни ги врати сопругот, таткото и дедото Шабан или да ја намали тагата и болката што ја чувствуваме. Двете семејства се завиени во црно и вечно ќе живеат со него, изјави вдовицата на Шабан.

Германец со турско потекло, роден во Гитерслоу, е обвинет за двојно убиство од невнимание, нанесување телесна повреда од невнимание, како и опасни дејствија во сообраќајот и возење без возачка дозвола. Според Окружниот суд, тој се изјаснил за виновен.

Српската музичка легенда Шабан Шаулиќ и неговиот клавијатурист Мирсад Кериќ починаа на 17 февруари 2019 година, откако вечерта пред трагедијата настапија во Германија. Спасувачките екипи биле известени за несреќата утрото во 6 часот и 50 минути. До 9 часот и 30 минути патот бил непрооден, бидејќи пожарникарите два часа извлекувале четворица повредени од искршените автомобили.

Како што подоцна било утврдено, Алсин Левент на денот на несреќата возел без возачка дозвола, а бил и пијан кога со автомобил „мазда 6“ на патот А2 кај Гитерслох направил тешка сообраќајна несреќа. Како што е утврдено, Левент возел со брзина од 160 км/ч, на место каде што тогаш било дозволено да се вози 80 км/ч.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.