Во белградските хотели најголем интерес за новогодишната ноќ покажале туристите од Бугарија, вели директорот на Деловната асоцијација на хотелиерската и угостителска индустрија на Србија (ХОРАЦЕ) Георги Генов.

Директорот на хотелот „Хилтон“, Александар Василијевиќ изјави дека 85 отсто од капацитетот е продаден, а најголем дел од гостите се бугарски државјани.

Бројот на Бугарите може да се објасни со најавата за концертот на Лепа Брена за новогодишните празници.Ја сакаат Лепа Брена и верувам дека тоа е главниот мотив за ваквото масовно доаѓање во Србија“, изјави Василијевиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.