Старлетата Наташа Шавија, која и стана позната на балканската публика преку реалното шоу „Парови“, како и повеќето нејзини колешки, го прошири своето присуство на естрадната сцена. Таа се занимаваше со пеење, рекламирање производи на Инстаграм, а потоа одлучи да отвори профил на страница за возрасни каде што ги продава своите интимни фотографии.

Таквиот потег беше голем успех, па кратко откако го отвори профилот, Наташа побара помош од своите фанови на Инстаграм да и посочат каде може да најде некое атрактивно земјиште за продажба во Нови Сад каде што може да изгради куќа.

Една година подоцна, Шавија ја отвори вратата од својот дом, побјавувајќи серија стории на Инстаграм во кои покажува како напредува нејзиниот нов дон, односно како изгледаат нејзината дневна и спална соба, како и гардероберот зад кој се наоѓа гостинската соба, која, во описот на фотографиите, ја нарекува „соба за затвореници“.

Во своите објави, Наташа откри дека завршните работи се во тек, како и дека мебелот ќе пристигне за две недели.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.