Бритни Спирс откако ги доби судскиот спор со нејзиниот татко и повторно може сама да одлучува за својот живот е бремена по третпат. 40-годишната ѕвезда ја сподели среќната вест на Инстаграм.

„Изгубив многу тежина за патувањето на Мауи и повторни си ја вратив. Си помислив: ‘Што ли ми се случи со стомакот?’ Сопругот ми рече: ‘Ти си бремена со храна, будалче.’ Па, направив тест за бременост… и …ќе имам бебе. Тешко е затоа што кога бев бремена, страдав од предпородилна депресија и морам да кажам дека беше ужасно. Жените тогаш не зборуваа за тоа. Некои луѓе сметаа дека е опасно ако жена се жали на таков начин додека има бебе во неа, но сега жените зборуваат за тоа секој ден. Фала му на Исус што не мора да ја чуваме таа болка во тајност. Овој пат ќе практикувам јога секој ден. Испраќам радост и љубов“ – стои во нејзината порака.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Britney Spears (@britneyspears)



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.