Поп пејачката Бојана Скендеровски со жестока реакција кон министерката за култура Бисера Стојчевска-Костадиновска откако е намален буџетот за музичкиот бренд Макфест.

Нејзината објава ви ја пренесуваме во целост:

Министерке…

Јас не знам Вие со која музика растевте, дали од дома Ви кажаа дека „Макфест“ е основоположник на македонската поп музика, дека „Макфест“ бил почетна точка на многу популарни пеачи,кои подоцна биле регионални ѕвезди, кои денес полнат концертни сали, и се нечии идоли…(Тоше беше еден од нив)

Дали Ве научил некој ако не сте забележале сама, дека „Макфест“ произвел илјадници песни и хитови со кои се градеа генерации,и така се создаваше припадност на еден народ?!

Дали Ви купуваа касети како мала од “Макфест” и Ве учеа дека „Макфест“ беше престиж на Југословенско ниво?!

Дали сте свесни дека културата е сржта на идентитетот?!

Дали сте чуле за традиција?

Дали мислите дека Министерството за култура почнува од Ваше време, и завршува со Вас, дали не мислите дека е премногу дрско да ги понижите сите автори, изведувачи, и цела една фела, која со години вложува во македонската поп култура, која е идентификација и посебност на македонскиот народ….

Наместо да ги понижувате македонските брендови и производи, Вие треба први да ги чувате и помагате!

Мене ми е срам од Вашиве постапки,за Вас лично не знам!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.