Аца Лукас гостувал во една српска телевизија каде го прокоментирал својот колега Дарко Лазиќ, кој вчера беше уапсен поради низа сообраќајни прекршоци.

Добра работа е што е донесен тој закон кој подразбира алко-тест и тест за дрога. Нема да го коментирам Дарко, добро момче е, малку сака да прави глупости како и сите ние во младоста. Тестовите се многу реални. Луѓето кои користат наркотици не треба да возат, со оглед на тоа дека и подоцна може да се утврди дали има наркотици во себе. Кога ќе се отрезниш можеш повторно да седнеш во автомобил. Ако толку луѓе во сообраќајот има што користат дрога, замислете колку ги има вака. Родителите мора да знаат дека нивните деца барем еднаш сигурно ќе се соочат со дрога кога ќе излезат во град, рекол Аца Лукас.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.