Британската писателка и истакнат филантроп Џ.К. Роулинг вети дека лично ќе собере донации од околу 1,8 милиони фунти за поддршка на децата во Украина.

Авторката на „Хари Потер“ се обидува да помогне преку нејзината фондација „Лумос“, која упати итен апел по неодамнешната инвазија на земјата.

56-годишната писателка напиша на Твитер:

Јас лично ќе ги собирам донациите со овој апел. Ви благодарам на сите кои веќе донираа, што му овозможувате на @lumos да направи клучна работа за некои од најранливите деца во Украина, твитна Роулинг.

Авторката ја создаде фондацијата во 2005 година и таа моментално собира пари за некои од најранливите луѓе погодени од војната во Украина.

Децата во земјата се соочуваат со неизвесна иднина, предупреди фондацијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.