Ламбе Арнаудов

Патриотизмот не е патриотизам ако се менува или прилагодува на околностите,и е трајна и неменлива константа на координатниот систем на вредности на човечкиот род.

Многу одамна еден брилијантен студент, првенец во генерацијата го полагал завршниот испит и притоа со врвна интелигентна надмоќност суверено одговорил на сите прашања со што ги воодушевил членовите на испитната комисија, професорите и студентите.

И, кога мислел дека сé е готово, најстариот професор рекол: Имам само уште едно единствено прашањеза крај.

Што ќе направиш ако одиш по пат во некоја рурална средина и те нападне куче? – го прашал професорот мудрец.

Ќе почнам да викам, да го исплашам и избркам кучето.

Што ќе направиш ако не бега и понатаму? – било следното прашање.

Ќе земам камен, дрво и ќе фрлам за да избега.

Ако и тогаш не куртулиш, а во меѓувреме на кучето му се придружиле десетина бесни, гладни кучиња – Што ќе прави?

Тогаш идниот професор, потенцијален колега, го победил своето его, и го запрашал професорот да му го каже одговорот признавајќи дека тој не го знае.

Ќе по повикаш ПАСТИРОТ – бил одговорот на мудрецот. Наизглед премногу едноставен но со длабоко, длабоко содржинска порака за неговото но и сеопштото однесување на луѓето на патот на едноставноста, правдата, праведноста и силната вера.

Еве зошто:

Прво: ПАСТИРОТ е тој единствен кој може да ја заштити жртвата и да ги смири и нахрани насилниците.

Второ: ПАТИРОТ е тој кој од крволочноста на бесните кучиња и од беспомошната жртва, наместо кучешка гозба и изглодана жртва, да направи пријателство.

Трето: ПАТИРОТ со својата чиста духовна мисла и смиреност ги спречува кучињата затоа што му веруваат и ќе бидат нахранети од него, а од жртвата која ја спасил прави благодарен човек и негов следбеник.

Четврто: ПАСТИРОТ докажува со силна верба може да се контролира истовремено и бес и страв, да се победат и место нив да зацарува мир, пријателство, љубов и милосрдие.

Петто: ПАСТИРОТ, што е најважно, не останува на празни ветувања и досадни говори, туку тоа и го спроведува на дело со конкретни резултати.

Но, ПАСТИРОТ на ПАСТВАТА не би бил ПАСТИР ако не знае дека и колку да ги храниш и се грижиш за кучињата, секогаш ќе се најдат песови чија крволочност и глад никогаш нема да ја задоволиш. ПАСТИРОТ исто така знае дека тие не признаваат ни цар ни господар ниту пак добродетел и ќе почнат да јадат, да кинат месо, да глодаат коски и од своите најблиски, па дури и од својот ПАСТИР.

Не се многу на број но нивната крволочност моќта им ја прави обратно пропорционална во споредба со бројноста, а постојаната навика да менуваат ПАСТИРИ ги прави многу опасни, итри и бескрупулозни.

Од такви најмногу се страда и од ними ПАСТИРИТЕ нé учат како да се чуваме.

Безвремен ПАСТИР духовен, на МАКЕДОНСКАТА ПАСТВА, верен и почитуван наш УЧИТЕЛУ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ: Пред некој ден ТИ дојдов на роденден и бев малку зачуден што први ги пушти да ти честитаат бесните и крволочни кучиња кои најубаво се насладуваат на гозбата полна со откинати живи специјалитети од македонски месо и коски, залудно мислејќи дека со тоа ќе го уништат и македонскиот дух.

Долго размислував зошто постапи така. Сфатив дека уште еднаш се обиде да ги вратиш и вразумиш блудните синови на твојата и нашата бесмртна мајка Македонија во нејзините прегратки и да ги надоиш со хранливото и јуначко млеко од нејзините гради.

Прости ми УЧИТЕЛУ, ама морам да те разочарам. И ги отсекоа благородните гради поилки на патриотизам на својата единствена МАЈКА МАКЕДОНИЈА, а тебе УЧИТЕЛУ ни името не ти го знаат.

Мајката е заменија со маштеа, а место ТЕБЕ ДРАГ УЧИТЕЛУ, вистински најголем син на Македонија да те чествуваат, почитуваат, благодарат и возвишуваат, безобзирно сакаат да те одвојат од твојта родна мајка Македонија и да те дадат на посвојување.

На крај поврзано со воведот, сепак роденденската слава, убеден сум дека ТЕ развесели и те охрабри гледајќи го пред себе горд исправен, доминантен, ист како ТЕБЕ, исткаен од истата челична духовна градба и љубов кон Македонија и својот народ, УЧИТЕЛОТ И ПАСТИР кој ќе го продолжи твоето дело лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со својата одбрана дружина вистински патриоти задоени со патриотизам што по никоја цена не го менуваат, ниту пак прилагодуваат и никогаш нема да ја трампаат својата мајка МАКЕДОНИЈА за маштеа колку и да е таа богата и дарежлива со данајски дарови.

 

 

 

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.