Ламбе Арнаудов

Целата своја работна кариера во правниот систем на Република Македонија ја имаш поминато како инвалидско помагало во служба на СДСМ. Партиски војник без пардон.

Читам денес и не можам да се изначудам. Бараш помош од САД и ЕУ да ти ја завршат твојата работа за која земаш плата и уживаш низа други погодности и комодитети.

Зошто токму сега кажуваш дека Владата се мешала и вршела притисок врз тебе и другите јавни обвинители, судии и поротници.

Седум (7) години молчиш кога без судење или со фиктивни импровизирани процеси бараше, а твоите другарки од АФЖ-то во судството изрекувавтепресуди заради кои комплетното правосудство црвенееше од срам.

Зошто не побара асистенција кога судските пресуди ги носеа и тебе ти нарачуваа да ги спроведеш максимално исполнително кога тоа од тебе го бараше Заев, Ковачески, Маричиќ и останатите самопрогласени КАДИИ во Македонија.

Да се разбереме: Не застанувам на страна на никого, најмалку зад раководните структури во финансиска полиција. Знам како работат, го имам почувствувано на свој грб, ама и вашата селективна правда за која нема споредба дури ни во најнедемократските земји во светот кога е во прашање нејзиното практикување е за секаква осуда.

Целиот демократски свет, вклучувајќи ги земјите членки на НАТО, ЕУ и САД, кога ви укажуваше дека пресудите од 211 години за случајот 27 април е срамно потопување на правдата и праведноста, молчевте, а сега веројатно обидувајќи се да скриеш нешто за себе бараш помош. ДВОЛИЧНО И НЕДОЛИЧНО од тебе НЕСПОСОБНА.

Неспособна и нечесна во професијата која ја обавуваш. Зошто не го уапсиш тој кој што ти врши притисок тебе и на останатите.

Измешани ви се картите во партијата покер што ја играте сите заедно измамници од прва категорија, а влогот, чипот, сурот и ресурот, сé заедно е народот и граѓанинот поединец обесправен, онеправдан, оштетен од вашите гнасни и подземни игри.

Зошто не примениш правда и правдина кога е во прашање ВМРО-ДПМНЕ, институција со 500.000 гласови капитал, туку со крајни сили се напрегаш да ја елиминираш од политичката сцена само заради што во блиска иднина можеш да одговараш исправена пред твој колега, и ти и Јовески и Кацарска и другите, ама чесен и верен на заклетвата што ја дал пред народот за еднаквост на сите пред законот.

На крај што се криеш зад честа, храброста и патриотизмот на твоите родители пред кои се поклонувам и изразувам длабока почит, кога и самата газиш на нивната чест и достоинство.

Биле измачувани во бугарските фашистички затвори, а твојот почитуван родител (БОГ ДА ГО ПРОСТИ) бил погребан со бугарски куршум во него.

Од почит требаше да го кренеш својот глас, да ги спречиш овие предавства и антидржавни и антинародни дејствија на предавниците во Владата и да постапиш според своите компетенции и задолженија кои што произлегуваат од УСТАВОТ и Законите на Република МАКЕДОНИЈА. Се прогласуваш ненадлежна, и сега како и во времето на Заев со Преспанскиот договор, а фактички правиш класична злоупотреба на функцијата што ја обавуваш.Каква лицемерност и мимикрија, зборуваш со жесток јазик кој што е преполн со говор на омраза према бугарските фашисти, а од друга страна обвинуваш, нарачуваш пресуди и казнуваш по член од законот со кој што се предвидува затворска казна за говор на омраза. Веројатно боли само кога се работи за свои блиски, во конкретниов случај твоите родители.

Знаев за твоите родители дека се честити, мислев и се прелагав за тебе кога во едно време ме прашаа за твојта чесност и стручност, изразив највисоко мислење.
Не треба да ги повикуваш САД, НАТО и ЕУ, нели судството е независно. Вака и нив ги вовлекуваш заради твојата неспособност и страв да интервенираш и да се исправиш пред предизвикот дека и тие се мешаат и нарачуваат селективно пресуди.

Доволно и по желба на народот е да си заминете и ти и Јовески и Кацарска и сета ваша разбојничка дружина која ја малтретира и уништува правдата во Македонија а со тоа го загрозува Уставниот поредок и правниот систем што во превод значи исчезнување на Република МАКЕДОНИЈА.

Што знам, можеби и тоа ви е крајната цел и на вас и на вашите нарачатели и интервенционисти од оваа ненародна власт.

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.