Слободан Томиќ
Дрвото без корен (минато) и крошна (иднина) е трупец. Едновремено, народ кој нема свое минато, или историја, тој посегнува или краде туѓа историја, ќе изјави поглаварот на Македонската православна
Отсекогаш се памтело и ќе се памети, дека само црквата е единствената синергија која ги зближува Македонците и останатите православни верници кои живееле и живеат во апостолска Македонија. Имено, факт е, евидентен во единствената книга на светот Светото Писмо, која го поврзува народот на планетата земја и во која нема омраза, нема корупција, нема страв, нема братоубиствена војна, нема предавство освен она на Јуда,и кој денес претставува пример на најразвратното и најголемото злодело на човекот врз човештвото. Да, токму во таа света книга во 16 глава 9 стих според апостол Лука, ќе прочитате за Македонија и за Македонците.
Познато е од минатото дека религијата или Црквата претставуваше “ноќна мора”-опасност за комунизмот и комунистите, сегашни атеисти според Пописот наречен: “Пиши, бриши“!
Библијата е потврда за важноста на Македонија, но и за постоењето на Македонците како народ и тоа клучен кога се зборува за еднобожјето и за раното христијанство. Но, токму тука се прекршиле многу копја, па во стотици преводи на Библијата, Македонија не исчезнала, туку се погрчува, а таму каде што можело Македонците се бришени.
Највидлив пример е со мисијата на Светиот апостол Павле (еврејското име му е Шаул), кој во своите 14 писма точно и многу прецизно зборува не само за Македонија, туку и за Македонците, но во библиите, како, на пример, Kралот Џејмс, односно Kинг Џејмс, Македонецот станува “некој од Македонија“. Не е исто, ќе се согласиме. Во Новиот завет на Kинг Џејмс во Библијата, Македонија се споменува 26 пати, а професор Ратомир Грозданоски вели дека во Библијата Македонија е спомната 30 пати!
Да се навратам на поимот православие. Поимот
Или сме стопроцентно православни, или не сме воопшто христијани. Но, што се случува во Македонија и октроираниот Попис “пиши-бриши“ кој дефинитивно има јасна цел: Како да се избрише или поништи во целост православието во Македонија и Макдонската православна црква.
Скандал или намерно сторено, носење на октроиран “проект“ кој има јасна цел или полека по полека но сигурно, а тоа е да ја снема Македонија, македонскиот идентитет, историја, јазик и
Не може да се изостават и заборават фактите и настаните, веднаш по ослободувањето или од 1944 година, кога комунистичкиот режим на поранешна Југославија јасно упати декрет или забрана – стоп на религијата, оти таа ќе се претворела во “опиум“ за народот!
Строго му беше забрането на Македонскиот православен народ и останатиот православен народ кој живеел на територијата на поранешна СФРЈ да ги посетув црковните храмови или да биде дел на црковниот живот, како и да се преименуваат црковните обреди во семејни услови, крштение, и слично. Од друга страна пак, не дај Боже да си вработен во институциите и да си верник, тоа е лична пропаст!
Значи, Пописот и неговата “свесно сторена грешка“ православните христијани да се редуцираат или со еден збор избришат е своевиден криминален чин.
Кому му пречи православна Македонија и православен народ македонски?
За потсетување, шведскиот
Со еден збор, во актуелната криза во Украина, со такви неосновани напади против славјанските и православни народи, кои ги има скоро половина милијарда, поттикнуваат Третата светска војна!? Тоа го прават со нас славјаните. А, што станува со муслиманските народи кои не ја сакаат нивната доминација врз нив, кои се сметани за вечни непријатели на Америка, Израел и на Европа? Со една забелешка, дека поопасни и поекстремни исламски држави во блиското минато и поедини сегашни, кои го загрозуваат човештвото, а се покорени пред нив, ги толерираат на штета на своите сојузници и пријателски народи на САД и ЕУ.
Но, да можеме целосно и неизменливо да ја усвоиме православната вера, потребно е најпрво да го очистиме нашиот ум и срце, со пост, молитва, исповед и причест. Токму во ова се состои и православниот духовен живот, односно вториот критериум во православието, наречен од отците ортопраксија, што значи, православно дејствување, православно делување или православен начин на живеење. Не можат да се изостават и суспендираат многуте пораки на нашите владици, Петар и Агатангел, кои во континуитет упатуваат пораки со совет и насока до верниците каде води одалечувањето од Црквата и православната вера во православна Македонија!
Да, патот е кон понорот и амбисот на нашето опстојување како Македонци и како православни христијани.
Академик Катица Ќулафкова која важи за искрена Македонка, несебично и сесрдечно, заедно со претедателот на МАНУ академик Коцарев, алармираа за нескршнување од курсот на
Ќулафкова вели: “Оваа фарса од попис на населението во режија на парадржавата ‘Македонија’ е политички, национален, законски и морален криминал без преседан во европската историја! Овој Попис е уште еден показател, дека се наоѓаме во завршна терминална фаза од изумирањето на Македонската национална држава и делегитимацијата на Македонската нација. Ова е хаотичен, трагикомичен, противзаконски чин! Онеправдани се Македонците како народ, но и македонските Турци, Срби, Бошњаци, Власи, Роми… Ако се следи “патот на парите“ (т.е. патот на моќта и надмоќта), лесно е да се утврдат мотивите и креаторите на оваа фарса. Оние кои располагаат со резултатите од пописот од 2011 нека ги обелоденат јавно, па ќе се види, низ споредба, како е режиран овој варварски Попис. Фактите од непризнатиот и осуетен попис од пред 10 години ќе го демистифицираат и овој криминал, ќе покажат зошто се дава легитимитет на нелегитимните политики, зошто се навестува меѓународна поддршка на нешто што треба да биде предмет на жестока критика и осуда. Под преттекст на европски вредности, во Македонија се спроведуваат неевропски политики. НЕ ГО ПРИЗНАВАМ ОВОЈ ЛАЖИРАН ПОПИС! Тој е само уште еден доказ, дека во Македонија се води уникатна и немилосрдна хибридна војна“, – завршува академик Ќулафкова.
За потсетување, дека за најпарадоксалниот попис или октроираниот попис, нарачан од центрите кои одлучуваат и креираат сценарија за македонската небиднина, го отфрли и Македонската правосалвна црква – Охридска Архиепископија веднаш по објавувањетона пописните резултати. МПЦ-ОА јасно и гласно за пописот вели: Податоците за религиозната припадност се нерелевантни! Јасно и гласно!
Според МПЦ-ОА, во пописот постои сериозна статистичка грешка за 13,4 отсто од населението во однос на религиозната припадност, и додава, методологијата која се применувала во пописот не правела разлика помеѓу припадност на религија, припадност на вероисповед и припадност на црква или верска заедница. Како што посочува во соопштението, МПЦ-ОА смета дека методологијата која се применувала во пописот не правела разлика помеѓу припадност на религија (христијанство, ислам, јудаизам итн.), припадност на вероисповед (православно христијанство, сунитски ислам, хасидски јудаизам итн.) и припадност на Црква или верски заедници (Македонска православна црква, Исламска верска заедница, Еврејска заедница итн.).
“Ова ги прави презентираните резултати конфузни, а со тоа и неточни, затоа што очигледно не ја одразуваат реалната состојба на верска припадност во земјата. Во оваа насока, пак, останува неодговорено прашањето зошто вероисповедта како опција не е дадена само кај една од религиите присутни во македонското општество, а очигледно е дека и таму постои варијантност?! Следствено, САС на МПЦ-ОА смета дека постои проблем не само во методологијата, туку можеби и некои од попишувачите недоволно ги упатувале граѓаните во можностите за изјаснување, а очигледно е дека опциите постоеле“, – велат од МПЦ-ОА.
Меѓу другото, за МПЦ-ОА повод за сомнеж во прецизноста на пописот е и непопишувањето на православните Македонци во дијаспората, што, веројатно, како што наведува МПЦ-ОА, било резултат на отсуството на комуникација со нив од надлежните институции од татковината, за разлика од посетите на некои министри меѓу иселените припадници од малцинствата.
Оттаму потсетуваат оти неколку дена откако започна попишувањето на населението, на 13 септември, а по претходна реакција од верници, САС на на МПЦ-ОА упати апел до јавноста, православните христијани да се попишуваат како ‘православни’, а не како ‘христијани’.
„Земајќи го предвид погоре кажаното, САС на МПЦ-ОА ги вреднува како нерелевантни податоците од пописот на населението, особено во делот за религиозната припадност, со заклучок за постоење на сериозна статистичка грешка, која во случајот опфаќа 13, 4 отсто од населението“, – додаваат од МПЦ-ОА.
Според податоците од пописот кои на 30 март годинава ги објави Државниот завод за статистика, во однос на религиската припадност, 46,14 отсто од попишаните резиденти земјава се изјасниле како православни. Како муслимани се изјасниле 32,17 отсто од попишаното резидентно население, а 0,37 проценти од попишаните резиденти се декларирале како католици. Во пописот од 2021 година, како посебна категорија се издвојува категоријата “христијани“ во која рекле дека припаѓаат 13,21 проценти од попишаните резиденти. Оваа категорија не се појавува во статистиката од пописот во 2002 година.
За горекажаното дека атеизмот вклучен во менталиот чип на режимот на комунизмот, секако и на оној кој јасно ја порача оваа пописна методологија со единствена цел да се спроведе сценариото да се избрише се’ македонско: името, јазикот, културата, историјата, вероисповеста. Ова се демантира и во самата Библиија, а таа е јасна! Библијата е потврда за важноста на Македонија, но и за постоењето на Македонците како народ и тоа клучен, кога се зборува за еднобожјето и за раното христијанство. Но, токму тука се прекршиле многу копја, па во стотици преводи на Библијата, Македонија не исчезнала, туку се погрчува, а таму каде што можело се бришени Македонците. Највидлив пример е со мисијата на светиот апостол Павле, кој во своите 14 писма точно и многу прецизно зборува не само за Македонија, туку и за Македонците.
Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.