Кога станува збор за мажите кои изневеруваат, жените често ги превидуваат очигледните знаци на предупредување, бидејќи потсвесно ги игнорираат или едноставно не сакаат да ги видат.

Меѓутоа, не треба да се игнорираат сигналите што ги испраќа потсвеста или ненадејните промени во однесувањето на партнерот, но и треба да се препознае дали станува збор за потенцијално неверство.

Нормално е интензитетот на чувствата да се намали во однос на почетокот на врската, бидејќи со текот на годините таа станува помирна и посигурна, но постојат и секојдневни ситуации од кои лесно можете да заклучите дека не сте му повеќе единствена.

Само обрнете внимание и сè ќе дознаете…
1. Карминот на неговата облека, гребаниците по телото што настануваат само за време на секс и непознатиот женски парфем се показатели дека си имате работа со измамник, особено ако знаците се појавуваат секојдневно.

2. Ако вашиот партнер одеднаш секој ден работи прекувремено, секој викенд оди на деловни патувања или одеднаш сите пари ги троши на излегувања, ресторани и хотели, а вие не одите со него, тука нешто не е во ред.

3. Обрнете внимание на неговото однесување – дури и кога е со вас, неверниот маж честопати е отсутен со духот.

4. Мажот што ненадејно почнува да обрнува внимание на својот стајлинг, постојано се дотерува, а никогаш не го правел тоа, можно е да постои личност поради која го прави сето тоа.

5. Ако возбудено ви зборува за нова колешка од работа, па дури и за ваша пријателка, а тоа не се случувало претходно, преиспитајте ја ситуацијата.

6. Не ве забележува повеќе, не сака да поминува време со вас… Веројатно тоа не е без причина.

7. Доколку пријателите, колегите или семејството се обидуваат одоколу да ви кажат дека вашиот партнер има љубовница, немојте веднаш да помислите дека се љубоморни. Размислете, можеби знаат нешто што вие не знаете.

8. Ако интуицијата ви кажува дека тој има љубовница, немојте да го игнорирате тоа!

9. Кај прељубниците, нападот често е обид да го сокријат она што тие го прават, а не би смееле, па ако ненадејно почне да ве обвинува за нешто што не е точно, а вие веќе се сомневате дека ве изневерува, треба да знаете дека само однапред се брани.

10. Одеднаш неговиот телефон и фејсбук-профил се забранета зона за вас? Добро размислете зошто.

11. Прељубниците често го менуваат однесувањето на подобро за да ги скријат трагите и да ги одвлечат вашите мисли на друга страна. Пољубезен е кон вас од вообичаено, ви попушта и ви угодува за сè, ве опсипува со подароци… Некои го прават тоа бидејќи одеднаш се посреќни поради љубовницата, а други бидејќи ги гризе совест, па така се искупуваат.

12. Од совршен маж се претворил во мрчало кое постојано ви наоѓа мани или без причина ве обвинува дека го изневерувате? Знајте дека неоткриените прељубници се прашуваат зошто истото што тие го прават, не би можела да го прави и нивната сопруга.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.