Има вистина во тоа дека интимните врски предизвикуваат најголемо задоволство, но покрај тоа, тие имаат големо влијание врз нашето здравје, особено врз женското.

Многу експерти укажуваат на тоа дека отсуството од интимни односи поттикнуваа одредени последици, како на психичкото така и на физичкото здравје. Во продолжение прочитајте какви последици може да остави долгата апстиненција на вашето тело…

Губење на либидото
Доколку сета желба за секс ја држите во себе и не правите ништо во врска со тоа, со текот на времето, таа ќе исчезне. Ако сте во врска, тоа може да прерасне во поголем проблем што може да се реши само со разговор. Нема лек за намалено либидо ниту одредени витамини што можат да го решат тоа, туку само разговор и добра волја.

Намалување на вагиналната лубрикација
Оваа појава се однесува на повозрасните жени кои со текот на годините, поради недостиг од естроген, ја губат лубрикацијата и им се намалуваат ѕидовите на вагината. Жените од 20, 30 години ги немаат тие проблеми и оваа појава зависи од возраста.

Опуштање на вагиналните ѕидови
Ова исто така важи за повозрасните жени и за оние што влегуваат во менопауза. Доколку немаат редовен секс, секој следен обид може да биде многу болен.

Поболни менструации
Редовните односи ги намалуваат болките кај жените, а кога ќе се прекинат, менструациите се влошуваат и болките се засилуваат. Сексуалната терапевтка објаснува дека кога жената доживува оргазам, таа всушност доживува контракции на матката што доведува до поголемо и побрзо исфрлање крв. Доаѓа до зголемување на ендорфините, што помага за менструалните грчеви.

Сепак, покрај сите наведени работи што негативно влијаат врз состојбата на целиот организам, постои едно позитивно нешто во сето тоа, а тоа е намален ризик од полово преносливи болести.

Терапевтката напоменува дека не само што се намалува ризикот од полови болести, туку се намалува и ризикот од инфекции на уринарниот тракт.

„Сексуалните односи се виновниците за зголемениот ризик од инфекции на уринарниот тракт“, објаснуваат докторите.

Повеќето уринарни инфекции настануваат кратко по односот, а можат да бидат многу болни и многу тешко се лекуваат, а тоа може многу да влијае врз квалитетот на животот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.