Гениталното разубавување е најновиот козметички тренд. Се прави со директно вшприцување на филери во интимните делови што, пред сè, е болно, а носи и многу ризици.
Жените и мажите (каде истото им се прави на пенисот) сакаат да изгледаат помладо насекаде, по секоја цена. Многу од жените сакаат помлада вагина или се решаваат за ова бидејќи не им се допаѓа како почнува да изгледа со текот на годините.
Иако ваквите зафати се се почести, лекарите нагласуваат дека целата работа не е толку безопасна.
Гинекологот Слободанка Петковиќ за српските медиуми вели дека тоа е чисто помодарство, кое има своја цена.
Таа работа не ја носиш на лице, па да се гледа дека е убава. Ако станува збор за подобрување на сексуалната функција, во смисла зголемување на желбата или стеснување, тоа може да се направи со конвенционалните методи, кои се веќе докажани – вазодилататори, вијагра, стеснување на проширениот отвор по раѓањето, вели д-р Петковиќ.
Ризиците на овој зафат вклучуваат болни отоци, парализа на нервите и крвавење. Дополнителен ризик постои и бидејќи на клиторисот, на големите усни и отворот на уретрата се наоѓаат голем бројот крвни садови и нерви.
Видете само што се случува со лицето на Донатела Версаче. Слично може да се случи и кај половите органи, заклучува д-р Петковиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.