Просечната должина на пенисот се зголемила во последните 30 години, покажа ново истражување, а експертите предупредуваат дека можеби не е толку идеално како што мислат мажите.

Секоја севкупна промена во развојот е загрижувачка бидејќи нашиот репродуктивен систем е еден од најважните делови на човечката биологија. Ако видиме таква брза промена, тоа значи дека нешто значајно се случува со нашите тела, изјави авторот на студијата Мајкл Ајзенберг.

Истражувањето на Универзитетот Стенфорд ги анализирало податоците од 75 студии во кои биле вклучени повеќе од 55.000 мажи од 1992 до 2021 година, фокусирајќи се на должината на пенисот во ерекција.

Истражувачите откриле дека просечната големина на пенисот се зголемила за неверојатни 24 проценти во текот на речиси три децении.

Должината на пенисот во ерекција се зголемил од просечни 12,19 сантиметри на 15,24 сантиметри во текот на изминатите 29 години, додаде д-р Ајзенберг, истакнувајќи дека се потребни повеќе студии за да се потврдат наодите и да се утврди причината за промените.

Со оглед на трендовите што ги видовме во другите области на машкото репродуктивно здравје, мислевме дека може да има намалување на должината на пенисот поради истата изложеност на животната средина. Она што го откривме беше сосема различно во споредба со другите области на машката плодност и здравје, рекол докторот.

Хемиската изложеност на пестициди или хигиенски производи, продолжи тој, може да биде еден од факторите кои предизвикуваат брз раст. Таквите хемикалии можат да го нарушат ендокриниот систем кој ги регулира хормоните. Резултатите од истражувањето се објавени во World Journal of Men’s Health.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.