Хороскопот влијае и врз сексуалните апетит и задоволство, а ѕвездите ни кажуваат што грешиме при сексот и што не спречува да доживеме врвно задоволство.

Ова се по еден клучен секс совет, според нашиот хороскопски знак.

Овен

Мора да забавите малку во сексот, затоа што голема е веројатноста вашиот партнер да не сака константно толку динамично темпо при чинот.

Бик

Не треба постојано да мислите на нешто, мора да се опуштите и да си дозволите да „потонете“ во сексуалниот чин.

Близнаци

Сопрете малку со експериментирањето цело време, понекогаш е добро да се вратите на основите и да имате „ванила“ секс.

Рак

Почнете да мислите малку повеќе на себе, а не само да се фокусирате на задоволството на партнерот.

Лав

Понекогаш дозволете партнерот да го презеде водството, само опуштете се и уживајте во шоуто.

Девица

Не мора секогаш да го правите првиот потег, дозволете си да бидете изненадени во секоја смисла.

Вага

Во ред е да бидете малку погласни за време на сексот, да го изразите задоволството и да не сте под стрес како ќе звучи тоа.

Скорпија

За време на чинот нема потреба да споделувате интимни детали од сексуалниот живот со претходните секс партнери.

Стрелец

Бидете отворени за намерите и јасно кажете што сакате, односно не сакате при сексуалниот чин.

Јарец

Фокусирајте го умот на сексуалниот чин и не му дозволувајте да мисли на работата и на другите обврски.

Водолија

За време на чинот мислете на задоволството, а не на тоа да мерите колку и како ви е возвратена љубовта.

Риби

Бидете подиректни со партнерот и споделете ги со него вашите желби и фантазии.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.