Секој хороскопски знак има свои афинитети кога станува збор за сексот. Погледнете што можете да очекувате од секој знак кога станува збор за оваа вештина.
Јарец
Доколку навистина сакате да доживеете секс кој ве остава без здив, искусете го со личност од Јарец, ветуваме дека нема да зажалите. Јарците се познати по тоа што целосно се предаваат на сексуалната средба и навистина даваат се од себе, секој пат.
Ако сте Јарец, ви треба повеќе од физичка врска, треба да бидете поврзани на емоционално ниво за да бидете целосно задоволни. Повремените состаноци дефинитивно не се за вас, бидејќи понекогаш ви е тешко да го разликувате сексот од љубовта, но штом ќе го најдете тоа што го барате, ве очекува вистински огномет.
Водолија
Ако сте Водолија, на светот гледате како на авантура, а истото важи и за сексот. Обожувате да се забавувате и дефинитивно сакате тоа да го правите во спалната соба. Нештата ги сфаќате лесно и не правите голема врева околу нив, а со тоа создавате многу опуштена атмосфера што води до прекрасни искуства.
Вие сте со отворен ум и никогаш не бегате од нешто ново, што секако е одлична особина кога станува збор за сексот. Исто така, сакате да ја преземете контролата врз она што се случува во спалната соба и навистина да уживате во секси игри и дополнителни партнери во вашите сексуални авантури.
Риби
Како Риби, секогаш сте полни со интересни идеи и сте особено креативни во спалната соба. Практично сте експерт кога станува збор за заведување и многу лесно ви е да ги натерате луѓето да ве посакаат, па никогаш не ви е тешко да ја одведете целната личност во кревет.
Вие сте отворени и не сте особено срамежливи кога е сексот во прашање, па вашите средби во спалната соба се малку чудни, па дури и малку „валкани.“ Вашиот инвентивен ум ви помага да создадете фантазии кои се интересни за вас како и за вашите партнери.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.