Германски истражувачи анализирале повеќе од 40 неодамнешни студии кои биле спроведени на илјадници и илјадници различни мажи. Тимот извлекол податоци за просечната големина на пенисот од речиси 90 различни земји, пишува „Дејли мејл“.

Секогаш кога било можно, истражувачите избегнувале да користат студии во кои мажите сами ја пријавувале големината на нивните пениси.

Од првите 20 земји на листата, половината се во Африка, додека по три се во Јужна Америка, Cеверна Америка и Европа. На врвот на листата се најде само една земја од Азија, односно Евроазија, а тоа е Грузија.

Европските земји каде што се измерени најдолги полови органи се Холандија, деветта на листата со просечна големина од 15,84 см, Франција, 11-та со просечна големина од 15,74 см и Италија, 19-та со просечна големина од 15, 24 см.

Србите се најнадарени во регионот

Србија се најде на 33 место, а просечната големина на пенисот кај нив е 14,75 сантиметри. Хрватска заврши на 35 место, Албанија на 47 место, додека Македонија е на 50 место.

Инаку, студија објавена во 2015 година од „British Urology Journal“ во која учествувале 15.000 мажи од три континенти, покажала дека просечната големина на пенисот на целата планета е 13,1 сантиметар.

Лекарите велат дека должината на машкиот пенис првенствено ја одредуваат генетските фактори, а не начинот на живот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.