Австралијанката Ени Најт (26) тврди дека спиела со околу 500 мажи и истакнува дека, генерално, кај нејзините партнери се појавува една работа што повеќето ја грешат кога е сексот во прашање

Моделот позната како „сексуално најактивната жена во Австралија“ тврди дека мажите главно не знаат што е предигра, ниту како правилно да ја изведуваат. Ени, која во исто време има осум постојани љубовници, вели дека многумина од мажите не знаат како да задоволат жена со прстите.

Никој од нив не одвојува време да го најде моето „место за задоволство“, сите го прават тоа брзо, внатре и надвор. Откако ќе пропадне предиграта, тие се префрлаат на „главното јадење“ и многумина се однесуваат како „чекан“. Не сум сигурна кој ги учел на секс, но тоа сигурно не го направила жена“, вели оваа девојка од Мелбурн.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by annie knight (@anniekknight)

Ени открива дека своите партнери мора да ги „учи“ по нешто секој ден. Понекогаш им кажува да успорат и да ги најдат нејзините ерогени зони.

Не можам да избројам колку пати сум научила маж каде е клиторисот или како да стигне до Г-точката. Толку пати искрварив од мажи кои беа толку груби со прстите, мислејќи – колку погрубо, толку подобро, а тоа не е во ред. Тие не знаат ништо, но навистина не можете да ги обвините бидејќи не е дека некој ги научил. Пораснале гледајќи порнографија и мислат дека така се прави тоа“, вели таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by annie knight (@anniekknight)



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.