Мажите и жените често мислат дека големината на машкиот полов орган е пресудна за добра сексуална врска, но според урологот и сексолог Александар Милошевиќ големината нема никаква врска со уживањето во интимните односи.
Нормалниот пенис е од 13 до 14 сантиметри во ерекција. Тоа е доволна големина, ако има љубов, да ја задоволи партнерката. А вагината на партнерката е длабока од 8 до 9 см, но се протега и до 13 или 14 см кога е возбудена. Ако нема љубов и желба, тогаш и со мал пенис односот може да боли. За сексот најважно е да се развие емотивна врска, вели д-р Милошевиќ.
Во неговото гостување на српска телевизија, тој зборуваше и дека стандард за бројот на сексуални дејствија и дека, според него, доколку партнерите се задоволни, доволен е и еден однос годишно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.