Новородено машко бебе починало во Битолската болница, дознава Сител.

Според телевизијата, од Битолската болница „Трифун Пановски“ бебето било пренесено на Клиниката за детски болести во Скопје, од каде велат дека бебето било донесено без знаци на живот.

Од Клиничката болница Битола соопштија дека пациентката била во поодмината бременост и се жалела на болки веќе два дена. Ѝ бил направен царски рез, а ова ѝ била трета неуредно контролирана бременост, со претходнo еден царски рез и еден спонтан абортус. Пациентката дала податок дека за време на бременоста посетувала два различни матични докторa и за првпат дошла на Одделoт за гинекологија и акушерство при Клиничката болница Битола за преглед. Бебето на раѓање било аспирирано и кратко реанимирано. На Одделот за неонатологија било поставено на кислородна поддршка во инкубатор за мониторирање.

„Неколку саати подоцна, од страна на доктор неонатолог мајката е известена за состојбата на новороденчето. Во текот на денот, состојбата на новороденото се подобрува, истото е со подобрена сатурација, везикуларно дишење, добро прима храна. Во саботата во 13:25 часот состојбата на новороденото нагло се влошува поради што се повикани двата родитела да дадат писмена согласност за транспорт на новороденото, бидејќи е со висок ризик. На двата родитела им е објаснето дека состојбата на новороденчето е ризична. Транспортот е реализиран во најбрз можен рок“, соопштија од Битолската болница пренесе СДК.мк.

На Клиниката за детски болести било констатирано дека бебето починало и било вратено во Битола. Телото е предадено за обдукција.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.