Пратеникот Сурија Рашиди, кој е дел од раководството на Алијанса за Албанците ги демантираше информациите што се појавија во јавноста дека неговата партија ќе биде вклучена во Владата.

Јас сум член на раководството на партијата и оваа тема не е претставена на ниту една средба, изјави Рашиди за ТВ Алсат.

Тој рече дека Алијансата за Албанците е сериозен политички субјект кој не носи одлуки врз основа на хипотетички гласини, туку носи политички одлуки врз основа на она што е реално и објективно.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.