Поранешниот американски претседател, Доналд Трамп, поднесе тужба против американската влада поради претресот на неговиот имот и побара од судот привремено да го блокира Федералното биро за истраги (ФБИ) во прегледувањето на материјалите запленети од агенцијата пред две недели во неговиот дом на Флорида, се додека не се назначи специјален службеник кој ќе ја надгледува оваа работа.

Во тужбата на Трамп, поднесена во понеделникот пред федералниот суд во Вест Палм Бич, Флорида, се бара и американското министерство за правда да му достави детален список на предмети запленети од ФБИ од неговиот дом во Мар-а-Лаго за време на претресот на 8 август, како и инспекторите да му ги вратат сите оние кои го надминуваат оквирот на налогот за претрес, пренесува „Ројтерс“.

За време на претресот, ФБИ заплени 11 комплети доверливи материјали во Мар-а-Лаго, од кои некои беа означени како „строго доверливи“, највисокото ниво на класификација резервирано за најстрого чуваните информации за националната безбедност на САД и достапно само во посебни државни објекти, наведува британската агенција.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.