Републиканскиот сенатор Џим Рич, му порача на американскиот претседател, Џо Бајден, дека мора строго да се придржува до текстот за говорите што му го подготвиле од кабинетот.

Сенаторот Рич вели дека во спротивно, неговите зборови може да предизвикаат големи проблеми на меѓународен план.

Ве молам, господине претседателе, држете се до сценариото – изјави републиканецот за „Си-Ен-Ен“.

Ваквата реакција на Рич доаѓа откако Џо Бајден даде изјава која може да се протолкува како обид за промена на политичкото раководство во Русија.

Подоцна американските власти ги негираа ваквите намери на Вашингтон.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.