Бугарија може максимално да ја искористи ситуацијата за да ја модернизира својата војска и да го исфрли влијанието на Москва во својот политички живот. Мора да престане да ги одложува подготовките за Ф-16, изјави за Блумберг ТВ Бугарија поранешниот привремен министер за одбрана на Бугарија Велизар Шаламанов, кој сега е водечки експерт за национална безбедност во Демократска Бугарија.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Шаламанов, Бугарија мора што поскоро да испрати најмалку 20 пилоти на Ф-16 во САД, да се забрза усвојувањето на програмата за Ф-16, како и да се подготви целата инфраструктура во базата во „Граф Игнатиево“, која многу доцнеше по вина на Бугарија.

Тој, исто така, рече дека ресурсите треба да се фокусираат на многу побрзо ставање во оперативно дежурство на тие Ф-16. Периодот на излегување од употреба на МиГ-29 од страна на бугарското воено воздухопловство поради неможност за негово одржување може да го покријат ловците на НАТО сојузниците.

Шаламанов беше категоричен дека самитот на НАТО има за цел да и покаже на Русија дека сите членки на Алијансата се соодветно заштитени и дека – спротивно на она што сакаше претседателот Владимир Путин – наместо помалку војници на НАТО во Европа и поделба, ќе има повеќе воено присуство и посилно обединување во НАТО. Ако Русија прибегне кон употреба на хемиско или биолошко оружје во Украина, резолуцијата на ОН може да даде основа за земјите кои сакаат да интервенираат во конфликтот во Украина, додаде тој. нк/



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.