Во периодот од 7 до 11 часот на територијата на СВР Охрид денеска е спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што се санкционирани 28 возачи.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, од нив 24 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а четири надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Од МВР потсетуваат дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.