Две лица се тешко повредени во вчерашанта несреќа на автопатот „Гоце Делчев“, во насока од Скопје кон Штип.

Како што соопшти МВР, во 13:30 часот било пријавено дека после наплатна станица „Миладиновци“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „ман“, со албански национални ознаки, управувано од Б.Р.(29) од Р.Албанија и патничко возило „шевролет“, со струмички регистарски ознаки, управувано од Д.М.(62) од с.Колешино.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот Д.М. и сопатникот од истото возило, С.Џ.(60) од с.Колешино, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.