Во рамки на акциската контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возачи кои управуваат со возила со брзина поголема од дозволената, полицијата изрече 599 казни.

Од нив, како што соопшти МВР, 26 возачи управувале со возилата со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а пет со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Притоа, 275 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 324 надвор од населено место.

Од МВР најавуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за заеднички да придонес за побезбедни патишта.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.