За 17 дена се вакцинирале над 200 деца кои ги пропуштиле рутинските вакцини, а поделени се повеќе од 4.000 информативни брошурри, во рамки на кампањата на Министерството за здравство и Светската здравствена организација (СЗО) „Од врата до врата“ информираат од Министерството за здравство.

Кампањата, во која се вклучени повеќе од 30 медицински тимови, почна на 24 април 2023 година, како дел од Европската недела на имунизација 2023 година и се реализира со финансиска поддршка од ЕУ.

До крајот на мај е планирано е да се посетат 2.900 семејства, во над 120 населени места.

Тимовите составени од здравствени работници ги презентираат бенефитите од имунизација, а воедно вршат и администрирање на вакцини против Ковид-19 и рутинска вакцинација.

Македонија, Босна и Херцеговина и Киргистан се на второто место според бројот на деца со никаква примена вакцина, објави неодамна УНИЦЕФ.

Извештајот „Состојбата на децата во светот во 2023: Вакцинација за секое дете“ претставува најсеопфатна проценка на рутинската имунизација што досега ја има направено УНИЦЕФ. Врз основа на податоци од 2021 година, извештајот посочува дека во Европа и Централна Азија, второто место на негативната ранг листа на земји според бројот на деца со “нула дози“ го делат Македонија, Босна и Херцеговина и Киргистан (11% од децата помали од една година), по Молдавија каде оваа стапка изнесува 13%. Терминот „нула-дози“ се однесува на децата кои немаат примена никаква вакцина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.