Направена е уште една трансплантација на срце и бубрези во земјава, соопшти Министерството за здравство.
Благодарение на хуманоста на едно семејство кое и покрај болката од загубата на член од семејството, успеа да собере храброст и да се одлучи да спаси не еден туку неколку животи, денес тројца пациенти добија здрави органи и шанса за нов живот, изјави министерот за здравство Фатмир Меџити.
Меџити упати огромна благодарност до семејството на донорот и изразува длабоко сочувство за нивната загуба, но и почит за нивната одлука, за нивната хуманост и храброст.
Живот може да се подари само ако за тоа имате доволно љубов и емпатија во себе. Благодарност и за целиот тим кој изминативе 24 часа без прекин работеше и сѐ уште работи на клиниките вклучени во трансплантацијата, вели министерот Меџити.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.