Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека „трајното пренесување“ на вирусот на мајмунски сипаници ширум светот може да доведе до негово ширење на високоризични групи како што се бремени жени, имунокомпромитирани поединци и деца.
СЗО денеска соопшти дека ги истражува извештаите за заразени деца, вклучително и два случаи во Велика Британија, како и извештаите од Шпанија и Франција. Ниту еден од случаите кај децата не бил тежок.
Вирусот досега е идентификуван во повеќе од 50 нови земји надвор од Африка каде што е ендемичен. Бројот на случаи исто така расте во тие земји, соопшти СЗО, повикувајќи на повеќе тестирања.
„Загрижен сум поради континуираното пренесување бидејќи сугерира дека вирусот се вкоренил и може да се прошири на високоризични групи, вклучително и деца, имунокомпромитирани и бремени жени“, рече шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, пренесе Хина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.