Светската здравствена организација (СЗО) во јули ќе го прогласи вештачкиот засладувач – аспартам како можна причина за рак, јавија западни медиуми повикувајќи се на два неименувани извора запознати со процесот.

Според изворите, Меѓународната агенција за истражување на ракот (IARC), група за истражување на ракот на СЗО, следниот месец за првпат ќе го означи аспартамот, кој се користи во низа производи како што се диеталните газирани пијалаци на Кока-Кола и Марс „Екстра“ гуми за џвакање, како „можен предизвикувач на канцер кај луѓето“.

Заклучокот на Агенцијата, финализиран претходно месецов по состанокот на надворешните експерти на групата, има за цел да процени дали е нешто потенцијална опасност или не врз основа на објавените докази, но не се занимава со тоа колкаво количество производи е безбедно за консумација.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.