Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, на трибина посветена на кампањата за вакцинација против морбили и ХПВ кај младите генерации истакна дека е важно да се разбере улогата на вакцините во заштитата на заедницата и да се продолжи со поддршката на вакциналните програми.
Ваквите настани се од клучно значење за здравјето на децата и младите, изјави градоначалникот Стојкоски.
На трибината учествуваа експерти од здравствениот сектор, Соња Ралева од поликлиника Бит-пазар, дерматовенеролог Ленче Нелоска и претставници од здружението за одржлив развој БИОМ и Светската здравствена организација.
Тие ги претставија предностите на вакцините и ги разгледаа сите аспекти на нивната важност за заштита од сериозни заболувања, информираат од Општината.
Стојкоски ги повика сите родители и млади да се информираат, да поставуваат прашања и да се консултираат со медицински професионалци за најдобрите опции за вакцинирање.
Здравјето на нашата заедница зависи од нашата заедничка посветеност. Со заеднички напори, можеме да постигнеме значајни резултати, порача Стојкоски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.