За да се согласите да го водите здравствениот сектор во време на пандемии, мора да имате капацитет да одговорите на овој предизвик. Ја добив довербата од премиерот Димитар Ковачевски и од претседателот на партијата Алтернатива, Африм Гаши, вака министерот Беким Сали во гостувањето на Алсат телевизија одговори на прашањето дали министерската функција може да биде награда за изгубените избори.

Тоа не е награда, тоа е доверба што ми ја дадоа партијата Алтернатива и премиерот Ковачевски. Сите знаеме дека сме во период на голема битка, пандемска војна која трае веќе две години и да го земеш здравствениот сектор значи дека си ентузијаст и имаш капацитет да се соочиш со таков предизвик, рече Сали.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.