Експерименталниот вирус кој ги убива клетките на ракот, прв пат е применет на човек во рамките на клиничкото испитување, со надеж дека конечно ќе биде откриен нов начин на успешна борба против малигните тумори.

Потенцијалниот лек, наречен CF33-hNIS (или Ваксинија), всушност е она што се нарекува онколошки вирус, генетски модифициран вирус дизајниран селективно да ги инфицира и да ги убива клетките на ракот, а да го поштеди здравјето.

CF33-hNIS е модифициран вирус на сипаници кој делува така што влегува во клетките и се размножува. На крајот, заразената клетка пука, ослободувајчи илјадници нови вирусни честички кои дејствуваат како антигени, стимулирајќи го имунолошкиот систем да ги нападне околните клетки на ракот.

Претходните истражувања на животни покажаа дека лекот може да го искористи имунолошкиот систем на овој начин, да ги „лови“ и да ги уништува клетките на ракот, но досега не е направено тестирање врз луѓе.

Центарор за броба против ракот и истражувачкиот центар „City of Hope“ во Лос Анџелес и биотехничката компанија „Имугена“ со седиште во Австралија, сега најавуваат дека е во тек првото клиничко испитување на вакцината на луѓе.

„Нашето претходно кистражување покажа дека онколошките вируси може да го стимулираат инунолошкиот систем да реагира и да ги убива клетките на ракот, како и да го стимулира имунолошкиот систем подобро да реагира на имунотерапијата. Веруваме дека CF33-hNIS има потенцијал да го подобри исходот од болеста кај нашите пациенти“ – изјави онкологот и главен истражувач, Даненг Ли.

Доколку се покаже ефикасен, CF33-hNIS ќе биде вторта онколошка вирусна терапија одобрена во САД, покрај модифицираната верзија на вирусот херпес симплекс кој се користи во имунотерапијата на меланом.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.