Во истражувањето учествувале шест лица од исто домаќинство за кои постоел сомнеж дека се заразени, а од кои само една личност била целосно вакцинирана.

Американскиот центар за контрола и превенција на болести спровел истражување со кое утврдиле дека симптомите на омикрон сојот на коронавирусот се појавуваат по три дена од заразата.

Со зголемена преносливост и потенцијално поблаги симптоми, омикрон сојот има помал период на инкубација во однос на делта варијантата, но и другите варијанти на коронавирусот.

Симптомите кај другите варијанти на коронавирусот се појавуваат (во просек) по пет дена од моментот на заразување.

Истражувањето било објавено во CDC неделниот извештај за морбидитет и морталитет.

Во истражувањето учествувале шест лица од исто домаќинство за кои постоел сомнеж дека се заразени, а од кои само една личност била целосно вакцинирана.

По геномското секвенционирање на примероците било заклучено дека сите се заразени со омикрон варијантата на коронавирусот. CDC потоа докажале дека симптомите се појавиле по три дена од заразата.

И Институтот за јавно здравје во Норвешка анализирал симптоми на 11 луѓе кои присуствувале на некоја божиќна забава. Поголем дел од нив биле вакцинирани, а 73 отсто биле позитивни на омикрон сојот.

Никој не се разболел посериозно, а симптомите се покажале во рок од три дена од контакт со заразена личност.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.