Специјализирана болница за превенција лекување и рехабилитација на хронични респираторни неспецифични и алергиски заболувања Отешево првпат е реновинари по 43 години со пари од Министерството за локална самоуправа и Владата на Швајцарија во висина од 20 милиони денари.

Во изминатиот период, установата се зајакна и со два апарати за физикална медицина и рехабилитација во склоп на проектот во вредност од 270 илјади денари.

Заменик министерката за здравство д-р Маја Манолева, вчера беше во посета на оваа јавно-здравствена установа која минатата година доби комплетно нов лик со реновиран болнички објект.

Со имплементацијата на овој проект подобрени се болнички услови за третман на пациенти, поставен е нов мебел како донација од Луксембург, а собите се наместени со нов инвентар. Сите амбуланти, лабораторија, дневна соба, ехо кабинет, соба за спирометрија и алерго тестови се позиционирани во реновираниот објект. Како што можевме да видиме од посетата амбулантите веќе функционираат во реновираните простории. Специјализираната болница Отешево нуди современи услови за третман на пациенти и достоинствени услови за работа на здравствените работници, рече Манолева.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.