Пандемијата од Ковид-19 не е завршена, предупреди шефот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Адханом Гебрејесус и покрај падот на пријавени случаи.
Генералниот директор на СЗО пред официнални лица, собрани на отворање на годишниот состанок во Женева, појасни дека „одбивање на тестирања и секвенцирања значи оти сме слепи за еволуцијата на вирусот“, јави Анадолија.
Тој напомена дека речиси милијарда луѓе во земји со пониски приходи, не се вакцинирани.
Во неделниот извештај во четвртокот, за глобалната ситуација, СЗО наведе дека се чини оти бројот нови случаи со Ковид-19 се стабилизира. Во пад е вкупниот број неделни смртни случаи.
Иако има напредок, со вакцинираност на 60 отсто од светската популација, „никаде не е готово, додека секаде не биде готово“, додаде тој.
Тој додаде дека е регистриран раст на смртните случаи во Африка, континентот со најниска стапка на вакцинација.
Само во 57 земји, речиси сите богати, се вакцинирале 70 отсто од жителите.
– Генерално, гледаме неодлучност околу вакцината, предводена од дезинформации. Пандемијата нема магично да исчезне, но, можеме да ја докрајчиме, смета Тедрос.
Медиуми наведуваат дека се очекува Тедрос да биде именуван за нов петгодишен мандат оваа недела на годишниот состанок на земјите членки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.