Мајмунските сипаници не заслужуваат никакво внимание, освен научно-истражувачко и епидемиолошко значење. Мајмунските сипаници се покс сипаници. Тоа се кога излегува меурче. Ова со децении трае. Стручен назив е вариола вера, но Англичаните го викаат смол покс. Нашите новинари, а понекогаш и стручните лица го преведуваат како мали сипаници. Кај нас малите сипаници најчесто ги викаме морбили, додека смол покс и ние и Србите, Хрватите, Русите ги викаме големи сипаници, појаснува во Утрински брифинг микробиологот, проф. д-р Никола Пановски за фамата која се крева околу мајмунските сипаници.

Низ годините имало појава на спорадични случаи на мајмунски сипаници, но вакцините од мали сипаници, пружаат голема заштита од оваа болест.

Пред некој ден слушав дека СЗО вели ако сте вакцинирани од мали сипаници, 85% ќе бидете заштитени од мајмунски сипаници. Кога би било тоа вистина, би било одлично, бидејќи од мајмунски сипаници се сите вакцинирани, додека од вариола вера кои се големи сипаници, вакцинирани се оние кои се постари од 51 година. Значи Југословените два пати, а останатите во светот еднаш. Сите останати не се вакцинирани. Манки покс за првпат е изолиран во 1958 во Копенхаген. Слична покс сипаница е варичелата, што ние ја викаме овчи сипаници, а врска нема со овци. Во иста фамилија спаѓаат вариола вера, мајмунски сипаници и вакциниа. Вакциниа е болест на кравите од која се разболуваат луѓето. Фамата се крена бидејќи во последниот месец се појавија стотина случаи. Но за разлика од вариола вера, мајмунските сипаници не предизвикуваат смрт, рече д-р Пановски и објасни дека меурчињата се опасни само ако се инфицираат од бактерии.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.