Од утре и во среда ќе почне исплатата на боледувањата, породилното отуство и разник рефундации, соопшти денеска Фондот за здравство на Македонија чиј систем е хакиран од 6 февруари.
Оттаму тврдат дека речиси сите модули се ставени во функција, по хакерскиот напад на оваа институција со којашто беа оневозможени услугите.
Се очекува осигурениците етапно да ги добиваат средствата на своите сметки во текот на утрешниот ден и во среда. Тоа значи дека веднаш ќе започне исплатата на боледувањата кои биле внесени до 05.02.2023 година. Податоците за боледувањата кои се доставени после овој датум ќе започнат да се внесуваат во подрачните служби за и тие да влезат во системот за редовна исплата, пишува во соопштението на ФЗО.
ФЗО посочува дека е во тек и враќањето во функција и на ДРГ системот, за евиденција на болничките услуги, за што јавноста навремено ќе биде известена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.