Минатата недела се регистрирани сe 3.477 нови позитивни случаи на ковид-19, што е намалување за 8,7 отсто во споредба со претходната седмица. Направени биле 7.682 тестови, а процентот на позитивност се движел од 33,4 до 49,4, просечно 43,6 отсто.Оздравеле 322.468, а починале 9.424 лица. Активни во моментов се 3.559. Досега се направени вкупно 2.136.393 ковид-тестови.

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 8 до 14 август, најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје, а највисока инциденца е регистрирана во Кавадарци, Неготино и Охрид.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група над 60 години, а најмал е бројот кај населението од 10 до 19 години.

Во текот на минатата недела со статус „оздравени” се стекнале 3.750 лица во хоспитални услови или на домашно лекување, 16,9 отсто помалку во споредба со претходните седум дена. Регистрирани се 729 реинфекции, со намалување од 10,8 проценти.

Пријавени се 16 смртни случаи, идентично како и минатата седмица. Сите се починати во болнички услови, а кај 15 се регистрирани коморбидитети.

Во текот на минатата недела се хоспитализирани 52 лица, а моментално во болниците се лекуваат 199 пациенти, што е за 10,6 отсто повеќе во спроедба со претходната недела. Од нив 55 се на кислородна поддршка, а еден пациент е на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација

Заклучно со 14 август, во земјава се пријавени вкупно 335.451 случаи на ковид-19.

Од 15 февруари 2020 до 14 август 2022 година тестирани се вкупно 2.136.393 материјали, во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2 и во лабораториите/здравствените установи во кои се спроведува брз антигенски тест. Во Македонија се направени 1.032.487 тестови на 1.000.000 жители.

Од вкупниот број на тестирани материјали, 1.427.464 или 66,8% се со молекуларно (PCR) тестирање, додека останатите 708.929 или 33,2% се со брз антигенски тест.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.