Бустер дозата повторно ја зголеми заштитата од хоспитализација, а истражувањето потврди дека вакцинацијата и бустер дозата се ефикасно средство против омикрон сојот.
Новата табела покажува колкава заштита дава првата, втората и третата доза против омикрон сојот.
Британската Агенција за здравствена безбедност во петокот објавила податоци врз основа на информациите добиени во текот на порастот на бројот на заразени лица со омикрон сојот во земјата кон крајот на декември.
Утврдено било дека, иако вакцините помалку штитат од омикрон отколку од делта, заштитата од хоспитализација останува висока.
Заштитата од хоспитализација со текот на времето ослабува по втората доза, но бустер дозата повторно ја зголемува, покажале бројките.
Студијата била основана на податоци собрани меѓу 27 ноември и 24 декември 2021 година.
Тие ги дале првите формални процени за ефикасноста на бустер вакцината против тежок облик на болеста, објавил во петокот Ерик Топол, директор на Транслациониот Институт за истражување Скрипс.
За хоспитализација (комбинирани податоци за сите видови вакцини):
– Една доза: го намалува ризикот за 52 отсто од хоспитализација во споредба со невакцинираните;
– Две дози: го намалуваат ризикот за 72 отсто во рок од 24 седмици од примање на втората доза;
– Две дози (долготрајно): го намалуваат ризикот 52 отсто по 24 седмици од втората доза;
– Три дози: го намалуваат ризикот за 88 отсто две седмици по третата доза.
За симптоматска болест (комбинирани податоци за сите видови вакцина):
– Една доза: го намалува ризикот од симптоматски ковид за 26 отсто во рок од четири седмици од првата доза;
– Две дози: го намалуваат ризикот 18 отсто во рок од 24 седмици од втората доза;
– Две дози (долготрајно): го намалуваат ризикот за 2 отсто по 24 седмици од втората доза;
– Три дози: го намалуваат ризикот од 63 отсто две седмици по третата доза;
Напомена: во Велка Бртианија користат вакцини АстраЗенека, Фајзер и Модерна, па податоците можат да се разликуваат во земјите кои користат друг вид на вакцини.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.