Откако се појавија вакцините, најголемиот дел од нив се одобрени и за бремени жени, но прашањето кое се поставува е дали бебето е заштитено од зараза одреден период од првите месеци?

Според истражувањето објавено во магазинот ЈАМА, вакцинираните трудници развиваат повеќе антитела споредено со оние кои во текот на бременоста го прележале вирусот. Исто така, бебињата на мајки вакцинирани со некоја од мРНК вакцините, наследуваат антитела кои можат да траат и до шест месеци, особено ако вакцината е примена помеѓу 20-тата и 32-та недела од бременоста.

Сепак, антителата не се единствен одбранбен механизам на телото, но кога се работи за бебиња, количините кои се наследуваат од мајката, веројатно се доволни за да пружат високо ниво на заштита. Но, конечен одговор на оваа дилема засега нема и темата останува предмет на натамошни истражувања.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.