На клиниката во Козле пред пет дена потврден уште еден, четврти случај годинава, на голема кашлица.

Станува збор за две ипол месечно бебе кое на клиниката било донесено со влошена здравствена состојба но од Клиниката информираат дека неговата состојба сега е стабилна.

Главната карактеристика на болеста е кашлица во напади која може да трае со недели.

Покрај кашлицата болеста може да предизвика компликации на респираторниот и нервниот систем кои пак може да остават трајни последици на мозочната функција и невролошкиот развој кај децата.

Кај сите пациенти кај кои до сега е констатирани присуството на пертусист заедничко е тоа што не биле вакцинирани.

По појавата на болеста опфатот со вакцинација со ДТПР е зголемен велат надлежните.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.