Хаосот што се создава со паркирањето на Клиничкиот центар го чувствуваат и пацинетите и лекарите, смета претседателот на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ Игор Николов. Според него, тој е извор и на енормно загадување, со оглед на тоа што предолго се чека и за влез и за излез од Клиниката.
Паркингот кај Клинички центар е најголемиот загадувач во град Скопје. Бидејќи еден час чекаш да влезеш, еден час чекаш да платиш на излегување. Второ, единствен е што не е дигитализиран, нема обележано паркинг место. И сега ти плаќаш 40 денари за еден час, и тоа за да ја паркираш колата на улица. А, партиципација за кај докторот ти е 40 до 60 денари, вели Николов.
Тој ннуди неколку предлози кои можат во голема мера да го решат проблемот со паркирање кај Клиничкиот центар.
Можат да се преземат исто така мерки за овој проблем. Може персоналот да паркира кај Нова Македонија таму исто така има градски паркинг. Зошто мора сите да влезат во внатре на паркингот кај Клинички. Второто прашање е дека едно време имаше редари и тие пак колку толку го контролираа околу паркингот. Претходниот директор на ЈП Паркинзи, Бојан Христовски имаше воведено редари кои што пак не дозволуваа да се паркираат граѓаните како што ќе мислат. А, трета работа е тоа што ова е единствен паркинг каде што првите 15 минути не се бесплатни, а и е на Клиника“, заклучи Николов.
Тој посочи дека со ова нерешавање на проблемот со паркингот влијае и на други работи. На пример влијае и на термините, граѓаните кога не можат да најдат навреме паркинг место на овој паркинг доцнат на закажан термин кај доктор. И со тоа се создавав нервоза и хаос.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.