УХМР најавува дека од утре Македонија влегува во портокалова фаза на предупредување од високи температури. Затоа ова е совршено време за диета со лубеница.

Неделно мени за диета од лубеница од 5 дена

 

Прв ден:

  • Појадок: 1 парче лубеница и 1 шолја кафе или чај
  • Ручек: 150 гр говедско месо со 150 гр варен ориз. Засладете се со парче лубеница
  • Вечера: 60 ​​гр сирење, парче леб и парче лубеница

Втор ден:

  • Појадок: 1 парче леб, 1 шолја кафе или чај и 1 парче лубеница
  • Ручек: 100гр пилешко без кожа, 1 парче леб и 1 парче лубеница
  • Вечера: 100 гр скара риба, 100 гр варен ориз и дури 2 парчиња лубеница.

Трет ден:

  • Појадок: Како претходниот ден – парче леб, шолја кафе и парче лубеница
  • Ручек: 50гр тестенини со сос од домати и 3 парчиња лубеница.
  • Вечера: салата од свеж зеленчук и лубеница – колку што можете да јадете

Четврти ден:

  • Појадок: 2 парчиња лубеница
  • Ручек: супа од брокула (секоја супа од зеленчук е добар избор), парче леб и 2 парчиња лубеница.
  • Вечера: 3 средно печени компири и 2 парчиња лубеница

Петти ден:

  • Појадок: 3 парчиња лубеница
  • Ручек: 150 гр говедско месо и неограничена количина лубеница
  • Вечера: Парче интегрален леб, 60 гр сирење и 3 парчиња лубеница

Овој метод на исхрана драстично го намалува бројот на потрошени калории и не треба да се држи долг временски период. За време на држењето на диетата,  прескокнете го вежбањето и рекреацијата затоа што веројатно ќе се чувствувате лошо, исцрпено и уморно. Ако забележите дека не ви се допаѓа овој начин на исхрана, запрете го веднаш и не чекајте до петтиот ден по секоја цена. Постојат неколку диети што можете да ги пробате. Можеби диетата со лубеница не е за вас.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.