Skip to main content

Летонска министерка: Членките на НАТО го чекаат Трамп за одлуката за покана за Украина

Фото: X

Голем број членки на НАТО чекаат новата администрација на САД да стапи на должност пред да одлучат за барањето на Украина да биде поканета во трансатлантската алијанса предводена од САД, изјави во вторникот министерката за надворешни работи на Летонија Баиба Браже.

Киев ги повика министрите за надворешни работи на НАТО на состанокот во Брисел оваа недела да упатат покана, што се чини малку веројатно поради противењето на некои држави и претстојната смена на власта во Вашингтон.

Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп изјави дека ќе стави крај на руската војна со Украина во рок од еден ден, но плановите на неговиот тим за политиката на Украина сè уште се нејасни.

– Во принцип, ние како политички лидери се согласивме Украина да стане членка, изјави Браже на маргините на состанокот на НАТО.

– Прашањето е: од што зависи тој датум и очигледно е дека алијансата мора да се обедини околу тоа. Сите сојузници во моментов чекаат новата американска администрација да ја преземе функцијата, така што мислам дека тој аспект, без разлика дали се зборува за него или не, е реалност, додаде таа.

Браже, поранешна висока функционерка на НАТО, рече дека украинската војска зајакната во битките ќе биде предност за НАТО и оти нејзината земја ќе биде за покана на Украина да се приклучи доколку одлуката се најде на маса.

– Голем број земји не се чувствуваат удобно да поканат земја во војна да се приклучи на НАТО. Ние сме пофлексибилни, рече таа.

Casibom GirişDeneme Bonusu Veren Sitelercasibomholiganbet girişjojobetCasiboomcasino siteleriDeneme BonuslarCasibom Girişcasibomcasibom girişbonus fırsatıDeneme Bonusu 2024bonus 2024CASİBOMcasibomcasibom girişcasibom girişcasibomcasibomcasino sitelericasibomcasibom girişcasibomistanbul escort